Бојко Борисов млад

…ученикот на Тодор Живков, актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов, во 90-те години на минатиот век бил предложен да биде “информатор“ на тајните бугарски служби, дознава Pressing.mk.



„Борисов бил благонадежен уште како млад, покажува и документот на бугарските служби до кој дојде „Пресинг ТВ“  во кој, меѓу другото, се вели дека Борисов може „да биде регистриран…како информатор со перспектива за регистрација во повисоките категории на специјалната служба, за што има квалитети“.

И така благонадежниот Борисов, од обичен пожарникар, телохранител и одличен познавач на боречките вештини ќе се вивне во политичката орбита на Бугарија. Ќе стане прво кмет на Софија, потоа државен секретар во бугарското МВР, па трипати премиер. А, според моментните анкети, што се објавуваат во бугарските медиуми, доколку сега би се одржале претседателски избори, тој има повисок рејтинг од актуелниот претседател на државата Румен Радев“, пишува Пресинг.мк.