По иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ наскоро во Собранието ќе се расправа за пропаѓањето на банката Еуростандард, соопшти на Фејбук пратеникот Антонио Милошоски.
„Дали пропаѓањето на Еуростандард е македонскиот втор ТАТ – кои фирми имале корист од милионски кредити, дали овие фирми биле блиски до фамилијата на власт и колку високи функционери, членови на владата, знаеле предвреме за стечајот на банката? Наскоро, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе расправа на оваа тема и ќе се откријат многу сериозни манипулации“, напиша Милошоски на ФБ.






