Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене и против други луѓе кои ги прогонуваат за да изнудат било какви невистинити изјави против мене, реагира на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски околу случајот на обвинителката Вилма Рускоска за „плацевите на Водно“ во кој се обвинети тој и уште пет лица.
„ Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта.
Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне.
Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа заедно со лицата прогонувани со намера да се принудат да бидат средство и алатка на власта во прогонот кон политичките неистомисленици“ – пишува Груевски.






