Македонија добива пливачка ѕвезда за Олимпијада?

На меѓународниот пливачки натпревар “13 – ти Ноември” кој се одржа во Скопје, учествуваа 251 пливач од Чешка, Србија, Албанија и Косово.



Доминантен настап имаше репрезентацијата на Чешка која настапи со првиот тим на 20 пливачи меѓу кои олимпијци, европски и светски прваци.

Македонските пливачи на натпреварот соборија неколку државни рекорди.

Највреден резултат од нашите пливачи имаше Ева Петровска, член на пливачката академија “Аква Про” , која во дисциплината 400 метри слободно постави нов државен рекорд со време 04.15.84 – 764 ФИНА бодови.

Петровска беше прогласена за најуспешна пливачка во нејзина категорија со освоени 3 златни, 1 сребрена, и 2 бронзени медали во апсолутна категорија.

Со овие резултати Петровска е најсериозна кандидатка за учество на Олимписките игри во Токио следната година.