Еден од највлијателните бугарски академици , историчаот Георги Марков во интервју за бугарската национална телевизија вели дека договорот со Македонија е политички , дека е потпишан под притисок од САД кои сакаат по Црна Гора да ја видат и Македонија во НАТО.
Според Марков договорот нема никаква врска со историјата, науката и фактите.
Тој најавува дека тешко ќе функционира експертската комисија составена и од историчари кои што ќе треба да ги договараат спорните теми меѓу двете земји.
„Ние историчарите не можеме да се смириме, ние се водиме од морални закони. Договорот не е магија за да ги реши сите проблеми, особено не тоа за заедничката историја“, вели Марков. Најголем проблем за него се Гоце Делчев, Тодор Александров и поетот Никола Јонков Вапцаров.
Според Марков историчарите во Македонија со кои ќе треба да седне во заедничката комисија го заработуваат лебот со лаги и фалсификување на историјата.
Затоа тој бара да се започне со историските читанки во кои се опишува смртта на Бугарите во текот на втората светска војна во Скопје.
„Треба да се започне. Да ја напишеме вистината, ние нема да се согласиме на компромис како што што тоа го правеа политичаарите пред и по 1989 година“, вели бугарскиот академик.
Според него не е случајност тоа што премиерот Борисов договорот прво му го покажал на американскиот амабсадор во Софија.





