„Апсолутно ги осудувам свадбите кои се случија викендов. Ние сме тие кои треба да дадеме пример за граѓани, особено во услови кога секој ден имаме голем број новозаболени и болничките капацитети се полнат“, рече Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање како ги оценува свадбите на градоначалникот на Центар Богдановиќ во Косово и на внуката на Амди Бајрам во Истанбул.






