Сите економски оператори да работат до 23 часот, односно, еден час пред полноќ, е една од мерките кои Комисијата за заразни болести ќе ѝ ги предложи на владата, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.



Покрај ова, Владата ќе предложи и 50 отсто намалување на паттниците во јавниот превоз.

За вработените во администрацијата да се воведе скалесто работно време, работа во смени или од добра, рече министерот за здравство според кој ова се последните од 4-от пакет мерки.

„Ако овие мерки не дадат резултат, следниот чекор ќе биде целосна забрана на движење односно полициски час“ упати порака до граѓаните Филипче.