Среде корона ЈП набавува енормна количина сладолед и пијалоци

Сладолед и пијалоци во вредност од околу 300 илјади денари или 5 илјади евра набавува деновиве јавно претпријатие во општина Штип.



Според јавната набавка на ЈП Исар од општина Штип чиј екс градоначалник стана министер за транспорт и врски и каде во декември ќе се случат избори за нов градски татко, се набавува студен десерт кој од страна на институции вообичаено не се набавува ниту во лето.

Посебен проблем е количината на пијалоците и сладоледот.

Доколку половина од сумата се потроши за сладолед на стапче со просечна цена од 30 денари (има и од 7 денари парче) тогаш тоа значи дека општина Штип набавува неверојатни 5 илјади парчиња (Максимални 20 илјади парчиња) и тоа во корона криза, во сезона на грип и настинки и пред почетокот на зимата кога се очекува усложнување на состојбите.

Слично е и со пијалоците, со половина од парите може да се набави доволно за да се напие половина Штип.