Повеќе невладини организации и активисти бараат да се декриминализира употребата и поседувањето канабис на лична употреба. Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини вели дека декриминализацијата ќе биде начин да престане повредата на човековите права на луѓето кои употребуваат канабис. Огнен Узуновски од Операција Ослободување, пак, вели дека нивната цел е да се прекинат сите негативни полемики околу канабисот.



„Јас одговорно ви тврдам дека повеќето од луѓето кои ги носат законите кај нас веќе користат канабис. Се случувало полицаец кој користи канабис да ме апси за канабис. Тоа мора да престане. Властодршците мора да знаат дека марихуана во Македонија се користи. И тоа на ангро“, изјави денеска Филип Достовски од невладиниата организација Зелена алтернатива.

Иако веќе четири години има закон за декриминализација на канабисот за медицинска употреба, законот во пракса не се спроведува, тврдат невладините активисти. Плусинфо