Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски денеска излезе со вџашувачко тврдења за тоа каде завршувале парите од кредитите од Еуростандард банка.
Тој во емисијата студио 10 за РВ 24 рече дека нив не им било дозволено да ја најдат трагата на парите, и тогаш, како што вели, “им го удриле сатарот”.
„Два дена пред објавувањето на стечајот разговаравме со Народна банка да уплатиме нови 2,2 милиони евра за да го прифатат потенцијалниот партнер од надвор. Не ни удоволија. НБ е џелатот, а истата таа банка сега мислела за народот. Не извлекоа вонредни мерки, не воведоа администрација. Ако некого треба да маваат, тука сум јас и мојот постар син. Николче Петковски одработувал за себе и за политички партии, големи средства од Еуростандард се одлевале во струмичкиот регион, јас за ова дознав пред година и половина“, рече бизнисменот Трифун Костовски во Студио 10 за ТВ24.
На забелешката дека во банкарскиот сектор го знаат Петковски дека тој е исклучително добар познавач, Костовски вели:
„Само зависи за кого одработувал. Денеска сфаќам дека најмалку работел за нас. Одработувал за себе и за некои други. Политички партии се во прашање“, вели Костовски.
Запрашан за кои политички партии работел, Костовски вели дека Петковски бил член на СДСМ и дека пари се одлевале во струмичкиот регион.
„Па не за сите, бидејќи тој е припадник на Социјалдемократскиот сојуз. Бидејќи, големи средства од банката се во тој регион, во струмичкиот, во Галафарм, фирма која од самиот почеток требала да биде банкрот, меѓутоа упорно, упорно и упорно таму се пикале пари“, рече Костовски за ТВ 24, пренесува фактор.мк.






