Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов предупредува дека ќе падне бугарската влада ако Софија попушти пред Македонија за историските прашања.
Ова го пишува македонскиот портал трибуна.мк кој има блиски врски со политички кругови во Софија.
“Потпретседателот на бугарската Влада и министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов изјави пред новинарите од Бугарија дека две работи во активностите на бугарско-македонската историска комисија му оставаат впечаток”, пишува порталот.
Каракачанов истакнал дека во македонската комисија еден член е заменет со друг кој што е на уште поцврсти позиции и од кого бугарските медиуми можат да почувствуваат ужас. Според првиот човек на бугарското министерство за одбрана тоа е лош сигнал и покажува дека македонската страна нема намера да води искрен дијалог.
„Тие продолжуваат да мислат дека некој, без разлика дали Германија САД или Брисел ќе ни изврши притисок и ние ќе потклекнеме. Тоа се сигналите што јас ги толкувам“, предупредува Каракачанов.
Целата информација на овој линк






