Регистрирани се 594 нови случаи на ковид-19 од направени 2.617 тестирања во последните 24 часа, објави вечерва Министерствотѕо за здравство.
Од нив, над половина, односно 303 се во Скопје.
Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г).
Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти.





