Ставањето на Комисијата на врвот од договорот помеѓу Македонија и Бугарија е контрапродуктивно, рече Драги Ѓоргиев ко-претседавач од македонска страна на заедничката прес-конференција на Мешвитата бугарско-македонска комисија за историјата.
„Идентитетот на Гоце Делчев го определил тој не ние. Очекувам одговорно поведение за да стигнеме до ситуација во која ќе немаме повеќе проблеми“, е ставот на шефот на бугарскиот тим во Комисијата, Ангел Димитров.
На дводневната средба биле ставени на маса неколку нови предлози и идеи за проблемот со Гоце Делчев, но претседателите на Комисијата не открија детали.
„Ќе има уште една средба, а идната година уште пет ако дозволи ситуацијата со ковид-19. Дискутиравме за учебниците за шести клас во бугарскиот образовен систем и за личноста на Гоце Делчев.
Драги Ѓоргиев ко-претседавач од македонска страна на заедничката историска комисија предупреди дека ставањето на Комисијата на врвот од договорот помеѓу Македонија и Бугарија е контрапродуктивно.
„За Гоце Делчев не секогаш желбите се остваруваат како што се испланирани (…) За Гоце Делчев дискутиравме, има на маса нови предлози, идеи и тие ќе продолжат да бидат тема за разговор на идната средба. Тој текст е на маса, тоа е работна врерзија и ќе биде во фаза на разгледувања не би сакал да зборувам за тоа“, рече првиот човек на македонскиот тим, Ѓоргиев.
Според бугарскиот колега Димитров, немало време ниту можност да се направи напредок за Гоце Делчев.
„Ништо ново, нема сензации, тоа што досега го разговаравме“, рече Димитров.
Според него, политичарите одамна се вклучени во преговорите и за Гоце Делчев и за Илинденското востание. Но тој е дециден дека никој не може на Комисијата да и дава рокови и дека преговори се водат во политикат, а тие како историчари треба да се држат до фактите и да останат историчари, а не политичари.





