Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски апелира да биде зголемен бројот на автобусите на градскиот превоз во Скопје.
Наспроти изјавите на градоначалникот Петре Шилегов дека не е потребно да се врати делничкиот возен ред на градскиот превоз, би било пожелно да има поголем број автобуси, за да се овозможи држење дистанца помеѓу патниците.
„Апелирам да има повеќе автобуси, и да има поголем ред во градскиот превоз. Не може да нема автобуси, ќе запре градот.
Ние ова како предлог ќе го доставиме формално до премиерот односно до Владата, а потоа очекувам постапување согласно нивните ингеренции“, изјави Караџовски за „Слободен печат“.





