Бугарските власти денеска се вознемирени од медиумските пораки што доаѓаат од Скопје и најавуваат дека ако итно нема извинување и повлекување на навредливите и фалсификувани ставови на член на комисијата, работата на историската комисија може да биде блокирана а Македонија да добие вето за преговори со ЕУ.
Ваквата разврска според извори во Софија се случува откако член на мешовитата историска комисија од македонска страна објавил јавен став според кој Бугарите биле фашисти во втората светска војна а Македонија никогаш нема да ги заборави масакрите во Ваташа каде од бугарските фашистички единици во 1943 беа убиени 12 младинци и во прилепското село Дабница каде во 1943 беа убиени 18 Македонци.
За официјална Софија тоа што провокацијата е објавена од член на комисијата деновиве може да биде и случајност но повеќе наликува на смислен план за да се уништи работата на комисијата откако стана јасно дека ниту владата во Скопје не може да наметне на јавноста предавство на сопствената историја и идентитет.
Изворите во Софија не сакаат да откријат за кој член на комисијата се работи ниту што точно објавил но тврдат дека ситуацијата за Бугарија е крајно навредлива.
Од таму се тврди дека за скандалот се информирани бугарските дипломати во Македонија кои имаат соодветни инструкции од владата во Софија.
Македонската страна ќе треба да даде “пеколно добро објаснување и извинување ако сака да ја зачува пријателката поддршка на Бугарија на патот кон ЕУ” , вели бугарски дипломат кој инсистира на анонимност.
Историската комисија со Бугарија започна со работа вчера а треба да заврши денска попладне.
Членот на комисијата кој ја вознемирил Бугарија е историчар и член на СДСМ






