Регионалниот здравствен инспекторат во бугарскиот град Ловеч ќе изрече глоба од 1.000 лева за владината администрација зашто премиерот Бојко Борисов влегол без маска во црква при посета на градот, дознава „Дневник“.



На 28 септември, во новата црква „Свети Кирил и Методиј“, премиерот повторно ја прекрши обврската изречена со наредба на министерот за здравство за покривање на носот и устата на јавни места и во затворени простори во Бугарија.

Сепак, казната не е за него лично, туку – според здравствената инспекција – одговорноста е на организаторот на посетата кој го дозволил прекршокот.