Во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб, На денешен ден пред 13 години Тоше Проески трагично го загуби животот



И годинава во чест на македонската и балканска ѕвезда, десет маратонци напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемијата годинава маратонот се одржува на територијата на нашата држава – од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево.

Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на Тоше.

Тринаесет години од смртта на Тоше ќе бидат одбележани кај новоизграденото спомен-обележје на неговото почивалиште на Гумење.

Спомен-куќата на Тоше во Крушево е отворена за посетители со почитување на протоколите за заштита од вирусот. Има околу 700 експонати во постојаната поставка која се обновува секоја година за роденденот на Тоше на 25 јануари.

Од отворањето во 2011 година, оваа музејска установа имала повеќе од 650 000 посетители од кои, според раководството, една третина од странство, пред сè од балканските земји.