Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати јавен повик до сонародниците во Албанија да се изјаснат како Македонци на пописот.
„Главата Горе
Македонско друштво ‘Илинден’ – Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија да се изјаснат дека се Македонци и да го чуват својот македонски идендитет“, се вели во повикот.
Во статистичката операција во Албанија месецов и во ноември првпат во пописните материјали има графа за етничката и за верската припадност.






