Илија Димовски, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека е потребен консензус за законот за попис на сите политички партии, а за да може партиите да потпишат било каква декларација, треба да се сигурни за квалитетот на методологијата и за одржината на законот според кој пописот ќе се спроведе.
Предлогот на Пендаровски е како да се гради куќа од покрив, а не од темели, вели Димовски во изјава за Плусинфо, во врска со предлогот на претседателот Стево Пендаровски политичките партии да потпишат декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот, за да не се оспоруваат бројките од пописот.
„Пендаровски требаше да ги повика владата и парламентарното мнозинството да не донесуваат закон бес консензус и без компромис со опозицијата. Има и инструмент како претседателот да каже, на пример, дека закон за попис донесен без учество наопозиција нема да потпише. Ако законот се донесе со консензус, тогаш идејата на Пендаровски може да биде тема за разговор. Во суштина, никој не би имал против таква позиција’, вели Димовски, за Плусинфо.





