Македонската страна цела година одбива да го потпише протоколот од последната средба на мешовитата Македонско – Бугарска комисија за историски и други прашања.
Повеќе Бугарски извори тврдат дека официјално Скопје не сака да потпише тоа што е зборено од членовите на Комисијата која последен пат се сретна лани во ноември.
Што е запишано во протоколот од средбата и зошто тој не се потпишува од страна на македонските власти не објаснува ниту Османи, ниту Заев, ниту претседателот Пендаровски ниту пак вицепремиерот Димитров кој ги назначи членовите на комисијата.
Она што е интересно за случајот е што за протоколот молчи и официјална Софија која молчи и за прашањето упатено од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за постоење на непристоен предлог од Софија за потпишување на нов договор со Бугарија со кој ќе се бараат уставни гаранции и ќе се признае дека македонска нација и јазик постојат од 1945 година.
Предходно за нов договор или анекс на Договорот за пријателство од 2017 година зборуваа и претседателот Румен Радев и министерката Захариева.
За непотпишувањето на протоколот во кој според се има неприфатливи сценарија за Македонија молчат и членовите на комисијата кои ниту еднаш не го споменал овој проблем кој според се е ненадминлив штом за него нема решение една година.





