Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, во гостување во „24 Анализа“, предупреди на загрижувачките бројки на заболени со коронавирусот во земјава.



„..Македонија е апсолутен шампион во регионот. Ние сме први со околу 400 веќе на милион жители, после нас е Косово со 320-30 на милион жители. После е Босна некаде со 200, многу помалку од нас, и да не збориме Хрватска, Грција, Србија, сите да ги соберете заедно доаѓа колку Македонија“, нагласи Таравари.

Таравари додаде дека би требало министерот Комисијата за заразни болести треба да ја праша зошто има толкав морталитет во државата од КОВИД-19. Зошто бројот на инфицирани случаеви на милион граѓани Македонија е толку напред пред другите држави во регионот. Што е работата, каде е пропустот?

„Јас мислам дека и предлозите што ги даваат за рестрикции, не ги дава министерот, туку ги дава Комисијата за заразни болести. Јас искрено мислам дека одамна сум го кажал тоа пред три – четири месеци дека треба да ја смени таа Комисија.“, нагласи Таравари.