Шефот на државата се слушнал во два наврати со министерот за надворешни Бујар Османи кој се врати од поесета на Софија, но тој не му спомнал никакви сет на предлози како според кои Софија предлага да потпишеме дека ке го смениме Уставот и ќе ставиме дека како нација и јазик постоиме од 1945 па наваму.



„-Јас таква информација немам“, рече Пендаровски. „Нема такво нешто, мислам на некаков договор“ рече претседателот во гостување на Телма.

„Вон памет е некаков нов договор од веќе потпишаниот договор за соработка и добрососедство помеѓу двете држави или некој амандман на тој договор. Тоа што сме потпишале и ние и тие треба да го реализираме“, рече Пендаровски.