Повеќе часа подоцна од вообичаеното време на објавување на бројот на заболени од Ковид19 министерот Филипче се уште не објавува колку луѓе се заболени до денес наутро со што помогна во шпекулациите дека бројката надминала 500 за еден ден.
Денеска тој со премиерот Заев отвараше фабрика за марихуана но не најде време да објави колкав е бројот на заболени речиси до 20 часот.
Денеска со премиерот @Zoran_Zaev го отворивме новиот производствен капацитет на НЈСК Холдинг во индустриската зона Ќојлија, инвестиција од фармацевтската индустрија, по највисоки стандарди – лиценцирана за одгледување на канабис за медицински цели. pic.twitter.com/hU9Qut57x9
— Венко Филипче (@VFilipche) October 14, 2020






