Антикорупциска комисија јавно го повикува Ден Дончев да се појави!

Членот на Антикорупциска комисија, Горан Трпеноски, кој го води предметот отворен по пишувањето на „Фокус“ дека Ден Дончев примил пари од австралиска компанија и не ги пријавил во анкетниот лист, јавно го повика екс-директорот на Фондот за здравствено да се јави во Комисијата.



„На 14-ти мај 2020 година, ДКСК отвори предмет во врска со наводи дека лицето Данаил Дончев се има стекнато со приливи додека вршел јавна функција. Со цел обезбедување дополнителни информации, Комисијата во два наврати, односно на 8-ми јули и 15-ти август годинава се обрати до Дончев и во двата наврати од страна на „Македонска пошта“ лицето Данаил Дончев е известен, но пратката не е побарана.

Бидејќи не е достапен, го повикам јавно да дојде во Комисијата и да ги даде бараните податоци“, вели Трпеноски. (Вечер)