Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе присуствуваат на отворањето на фабриката за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди „NYSK Holdings”, јавува Фактор.



На отворањето сќе се обрати и полскиот амбасадор во земјава Војчех Тичињски и Златко Кесковски, извршен директор на PHCANN и NYSK Holdingс.

Фабрика ќе биде отворена во општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.

Станува збор за гринфилд инвестиција на компанијата „NYSK Holdings”, а производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар.