Денеска на координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери, пратеничките групи не постигнаа согласност за прекин на работата со физичко присуство по информацијата дека и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Јадранка Поцкова е позитивна на корона-вирус.



Покрај Поцкова, коронавирус имаат Исмаил Јахоски од ДУИ и Лазе Таневски од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа идејата пратениците да работат од дома и тврди дека тоа е неуставно.

Според опозициската партија, онлајн работата се коси со собранискиот Деловник, во кој според членот 69, македонското Собранието работи само со присуство на народните избраници.

Мнозинството, од своја страна побара, онлајн на седници да „присусуствуваат“ само претениците кои се во самоизолација.

Со двајца ковид-позитивни, парламентарното мнозинство има 59 пратеници.

Дебатата на координаторите на групите продолжува кај Џафери и следниве денови.