Ликот од едно од најгледаните македонски видеа на социјалните мрежи охриѓанецот Миле Пендик вчера со нови народни мудрости за актуелната состојба во Македонија.
Пендик кој е дел од анкета на емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ зборува за темата на емисијата “поделбите меѓу Македонците” но и за други теми од интерес за јавноста.
Видеото кое пред десетина месеци со Пендик го сними новинарката Росица Голабоска како и мемињата кои произлегоа од него се гледани стотици илјади пати на различни социјални платформи во земјата.
Покрај Пендик во емисијата со новинарот Горан Момироски зборуваат и неколку други граѓани како и афористичарот од Вевчани Сашо Бетоски, сопственичка на урнат локал во истата општина како и градоначалникот на Вевчани.
https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/344897883291391/





