Димова за магарињата: Објавата на Тортевски има позадина

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на денешната прес-конференција го обвини адвокатот Александар Тортевски за објавата во која откри дека биле дадени 83.000 евра за обука на хрватско магаре и рече дека тоа имало позадина затоа што тој не ги добил очекуваните пари од еден проект.



„…Не се магарињата толку смешни колку што Тортевски сакаше да направи приказна. И таа приказна не беше случајна, таа небулоза од Тортевски кој се забавуваше со темата магариња, затоа што тој има тужба кон Националната Агенција затоа што имаше еден проект за кој јас ги скратив средствата и ваквите пишувања на Тортевски имаат еден вид позадина“, рече Лидија Димова.