Вакцина за корона најрано во декември, но…

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вакцините против Ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни за одобрување најрано во декември или почетокот на идната година.



„Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања што се случуваат низ целиот свет. Како што знаете, имаме околу 40 кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО.

Засега во игра се руската вакцина, американската, британската, кинеската, германската… , но ниту еднаш никој до сега не кажал која ќе биде најделотворна, односно таа која ќе ги помине сите фази.