најголемата опозициска партија обвинува дека повеќе од јасно е дека министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, не знаат во кој правец се движи Република Македонија во однос на пандемијата, која деновиве се повеќе зема замав и бележи огромен пораст на новозаболени.
„За ваквото лошо менаџирање со јавното здравство во ваква пандемија, некој треба да сноси одговорност. Изгубени се многу човечки животи, а за жал бројките на новозаболени изминатите неколку дена се движат околу 400 во само 24 часа и ветуваат подобра слика во наредниот период.
Чесно е да се признаат грешките и за истите да се сноси одговорност, а доколку министерот Филипче смета дека не ја организира работата како што треба, коректно е да поднесе оставка и да побара помош од здравствени работници кои имаат идеја како понатака, се со цел намалување на бројките кои секојдневно ја разбрануваат јавноста и ги држат во неизвесност луѓето кои поради немањето визија на одговорните, трпат за леб и не знаат до кога ќе трае здравствената, а со тоа и економската криза“ е ставот на партијата





