На исцртана маркица на која е предвидена зграда со приземје и три ката во скопска Автокоманда со предлог деталниот урбанистички план треба да се „легализира“ изградба на објект – десеткатница.



Советници од општина Гази Баба ги повикуваат жителите на Автокоманда, каде што се наоѓа зградата на булевар „16 Македонска бригада“, (спроти стадионот на „Металург“) ако се против решението вцртано во ДУп-от да пополнат анкетни листови кај претседателот или секретарот на местата заедница „Автокоманда“ бидејќи рокот е до 14 октомври 2020 година.

„Во ваши раце е да одлучите дали и покрај тоа што веќе населбата нема доволно чист воздух, има проблеми со канализација, места за нови ученици и паркинг за автомобилите сакате да ви се изградат нови згради со повеќе од 10 ката. Имено, некојси „урбаниста“ нацртал во предлогот на ДУП за Градска четврт ССИ 09, Општина Гази Баба – Скопје, да се „легализира” изградба на објект – десеткатница на булевар „16-та Македонска бригада“, и покрај тоа што во претходниот ДУП овој објект е планиран со висина од П+3 ката и истиот е веќе изграден со предвидената височина“, велат советници од општина Гази Баба.

Вечер