Сместувачките капацитети во струмичката болница се исполнети по зголемениот број на корона-случаи, информира директорот д-р Наќе Гогов.



Покрај Инфективното одделение, кое е веќе полно и таму се лекуваат 15 пациенти со полесна клиничка слика, пополнет и дополнителниот од 13 кревети кој беше отворен во поранашените хируршки амбуланти.

„Засега најголем проблем ни е персоналот и тоа како лекари, така и сестри. Ги немаме доволно за да ја покриваат работата во овој оддел на Инфективното одделение“, вели директорот Гогов.

Проблемот е голем зашто двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на ковид-19 и се во домашна изолација.