„Она за што можам да ве информирам во оваа фаза е дека Комисијата е запознаена со овие тврдења во врска со спроведувањето на програмата Еразмус +.
Сите такви обвинувања се следат и, каде што е вклучено финансирање од ЕУ, нерегуларните трошоци ќе бидат идентификувани и ќе треба да се вратат“ одговори на прашпање на ТВ Алфа Сузан Конзе, потпарол за образование, млади, спорт и култура, демократија и демографија на ЕК околу скандалите поврзани со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.
Комисијата не може да дава детали додека трае процесот на следење“ стои во емаилот од потпаролот на Еропска комисија.






