
Полицаец е повреден во пукање на загрепскиот плоштад Свети Марко утрово, а напаѓачот подоцна извршил самоубиство, објавија хрватските медиуми, цитирајќи изјава на хрватското Министерство за внатрешни работи.
Повредениот полицаец бил пренесен со возило на итната помош во болница, а по напаѓачот започнала потрага.
Набрзо, до медиумите стигнало соопштение од Министерството за внатрешни работи дека било пронајдено телото на напаѓачот и дека тој се самоубил.
Повеќе медиуми пренесуваат дека полицаецот бил застрелан од калашников.





