Македонците во Бугарија денска го одбележаа денот кога во 1882 година било кренато Македонското востание кое е познато и како Кресненско востание.
Македонските организации ОМО “Илинден”-ПИРИН, ОМО “Илинден”, Дужество на репресираните Македонци во Бугарија за време на комунистичкиот режим, Македонски дискусионен клуб, Правозаштитен комитет Толерантност, Дружество за заштита на индивидуални човекови права, Клуб антички Македонци, Друштво Сонце и Народна волја денеска го одбележаа јубилејот 142 години од Кресненското востание, чие што официјално име било “Македонско востание”.
На настанот била одржана панихида и биле поставени цвеќиња и венци.
Со пригодни говори и едноминутен молк за сите загинати била оддадена почит пред спомениците во Кресна, Стара Кресна, Оштава.





