„Не е европски македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграција, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, за време на положување на цвеќе во Прилеп по повод Денот на востанието – 11 Октомври.
Говорејќи за интеграцијата на Македонија во ЕУ Димитров рече дека „ако Европската унија дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција, тогаш таа нема да ја заслужи во своето име придавката ‘европска’ и не знам дали ќе можеме да веруваме на ваква европска унија.
Нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат да го видат македонскиот народ блиску и пријателски, мора да нè прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик“, рече Димитров.





