Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, со нова „лекција“ за Македонија.
„Обидот да се создаде негативна слика за Бугарија со употреба на агресивен јазик е штетен на долг рок за граѓаните на Северна Македонија“, порача таа за бугарската Нова телевизија.
„Нема начин да се изгради просперитетна држава кога твојата идеологија е секогаш против нешто. Ако не го сториме ова, 30 години ќе се враќаме на историските спорови“, додаде Захариева.






