Аналитичарот и експерт за Блискиот Исток, Џејмс Дензелоу, сподели на Твитер фотографија од стартот на учебната година во јеменскиот град Таез, која предизвикува силни емоции, а има цел да го алармира светот за катастрофалната состојба со образованието во земјата разорена од граѓанската војна.



Според Обединетите нации, два милиона деца во Јемен од седумте милиони на училишна возраст воопшто не одат на училиште. Повеќе од 2.500 училишта се неупотребливи за настава.