Од четврток, 15 октомври во Албанија стапува во сила уредба според која сите граѓани се обврзани да носат маска насекаде, на улица, на секој јавен простор, освен дома и угостителски објект каде што ќе седат на маса за да го потрошат тој дел од времето, соопшти премиерот Еди Рама.



Тој предупреди дека казните за непочитување на мерката ќе бидат ригорозни и ќе се внесуваат во сметките за потрошена електрична енергија.

„Ниту еден поединец нека не се надева дека ќе ја избегне казната“, предупреди албанскиот премиер.