Медицинскиот кадар се сели во приватни болници

Заминувањето на медицинскиот кадер од  државните клиники е резултат на нивната премореност во борбата со Ковид-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче.



„Изморени од борбата со ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од државната клиника’, рече Филипче.

Тој рече дека  и  сестрите кои минатиот викенд најавија заминување,  потврдиле дека ќе одат во приватни клиники.

И инфектолог од Инфективната клиника во Скопје дал отказ и ќе работи во приватна болница.

Отказ најавила и шефицата на одделот за инфективни болести во ГОБ „8-ми септамври“, Д-р Патриција Каламарас, дознаваат медиуми.

Министерот за здравсртво рече дека на нивно место доаѓаат нивни колеги.