Град Скопје почна со акција за чистење на спомениците на Народно-ослободителната борба (НОБ) во пресрет на Денот на народното востание 11 Октомври.



Со оваа акција веќе се исчистени спомениците на жената борец, на Благоја Деспотовски – Шовељ, Перо Наков, Панче Пешев, како и споменикот на УРС-овите синдикати, соопштија од Град Скопје.

Од Градот најавуваат дека во наредниот период ќе продолжи акцијата за чистење на другите споменици на НОБ.