Филипче: Ако мерките не дадат резултат… (ВИДЕО)

„Верувам дека мерките ќе дадат резултати, но ако нема, ќе има рестрикции во движење. Најпрво скратување на работните часови на одредени економски субјекти, угостителски објекти итн., но и рестрикција во движењето“, изјави синоќа министерот Венко Филипче оо однос на воведувањето на полициски час поради наглото зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус.



Филипче потсети дека носењето на маски на отврено, забранетото групирање на отворено повеќе од 4 лица по 22 часот се дел од мерките кои ќе се предложат до Владата, но можно е и да се воведат рестрикции во јавниот превоз и на одредени економски субјкти.

Зголемени се сите ингеренции на сите инспекторати што работат на терен и пакетот на дополнителна рестрикција и ингеренции ќе даде резултати, рече Филипче..

Министерот информираше дека болничките капацитети се пополнуваат и дека лекарите се под притисок, според него, тие се мотивирани и нема да се случи ниту еден болен пациент да остане без потребната нега.