Професорката Гордана Силјановска која е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието од Собраниската говорница во обраќање пред пратениците јавно призна дека од седница на Парламентот заминала со солзи во очите.
Причина било тоа што мнозинството на СДСМ, ДУИ и ДПА не ги прифатило амандманите со кои ќе се зголемеше помошта од државата за студентите.
Силјановска во говорот зборува дека законите не се ниту курбан ниту библија и дека тие треба да се менуваат во интерес на граѓаните во овој случај на студентите.






