До утринава до 8.00 часот во Ковид центарот на ГОБ „8-ми септември“ кој има место за 50 пациенти биле хоспитализирани 42 лица.
„До 14.00 часот болничките кревети ќе бидат целосно исполнети. Нема повеќе место. Од утринава примив безброј телефонски повици за да хоспитализираме болни од ковид, но еве велам дека сè пополнето.
Најмногу пациенти, освен од Скопје, се примени од Струмица и тоа станува збор за исклучително тешки случаи. А, ГОБ „8 Септември“ мора да функционира со сиот свој капацитет, и технички и кадровски, за пациенти кои не се заразени со коронавирусот“, изјави директорот, д-р. Христијан Костов, за Фактор.






