Доколку 250 милиони евра – од вкупната сума во износ од 470 милиони евра субвенции, грантови и кредити од четвртиот пакет економски мерки што ги усвои Владата – завршат на сметка на угостителската индустрија, ниту еден угостител нема да пропадне, ниту пак некој угостителски работник ќе остане без работа и плата, велат од Независната Комора на угостители (НУК).
„Се надеваме дека денешните претставници на т.н. загрозени индустрии на закажаните преговори во 15 часот со претседателот на Владата ќе знаат и умеат да се изборат, не само за своите права и потреби, туку за правата и потребите на сите нас кои во моментов се бориме за опстанок, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.





