Организацијата Светска програма за храна при Обединетите нации, WFP ON, е добитник на овогодишната Нобелова награда за мир.



Наградата е доделена за „напорите да спречи гладта да стане оружје на војните и судирите”, објавил денеска во Осло Норвешкиот одбор за доделување на наградата.

WFP е најголема светска хуманитарна организација која секоја година осигурува помош во храна за 90 милиони луѓе во 80-тина земји.