По најавите на Комисијата за заразни болести за забрането групирање на повеќе од четири лица, за забранети семејни прослави во домовите, како и примање на најмногу до четири лица се појавија дилеми., дали е тоа во согласност со Уставот и со начелото за неповредивост на домот.



This image has an empty alt attribute; its file name is clen-26-za-domot.jpg

Одговарајќи на новинарско прашање како полицијата ќе ја спроведува мерката за контрола за проверка на домовите и дали ќе и треба на полицијата налог од Судот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека уставните начела и закони ќе се почитуваат и тоа начело за неповредливост на станот или на домот е начело што нема алтернатива и мора да биде почитувано.

Тој повика да се почека Владата да ги донесе одлуките и потоа да се одговори на сите дилеми што постојат кај граѓаните.

„Не би сакал да разговараме сега кога не се усвоени на Влада, за обликот на тие мерки и што треба да опфатат. Ќе ги слушнеме мерките и аргументите на здравствените власти за секоја од мерките и тогаш ќе се донесе одлуката на Владата.

Граѓаните треба да знаат дека постапувањето на полицијата ќе биде исклучиво во заштита на уставните начела и на законските норми“, изјави Спасовски