Брзи сочни лимон коцки. Мек бисквит ароматизиран со лимон и прелиен со засладен сок од лимон.



Состојки:
За кората

-4 лажици (50 г) несолен путер, стопен и оладен, плус уште малку за подмачкување

-100 г излупени фстаци

-100 г смелени суви колачи

-1 лажица рендана кора од лимон

За филот :

-2 големи жолчки од јајце

-120 мл засладено кондензирано млеко

-120 мл свеж лимонов сок

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го тавчето за печење со стопен путер, па дното и страните обложете ги со хартија за печење.

Во блендер смелете ги фстаците со трошките од колачи и со кората од лимон, додајте го путерот и мелете додека да се изедначи. Притиснете ја смесата од фстаци/колачиња на дното и страните на садот за печење. Печете додека да зарумени, околу 10-12 минути. Ладете ја кората околу 30 минути.

Во голем сад направете го филот: матете ги жолчките додека да побелат, па додајте ги кондензираното млеко и сокот од лимон. Матете ја смесата додека да се изедначи. Прелијте го филот во оладената кора.

Печете околу 15 минути. Ладете го колачот барем неколку часа во фрижидер или преку ноќ. Извадете го колачот од тавата, префрлете го на штица за сечење и исечете го на коцки.