СЦ „Борис Трајковски“ злоупотребува криза за поголем профит од деца и спортисти

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ја искористи пандемијата на коронавирусот за на пливачките клубови да им ја покачи цената на користењето на базенот за 25%, а почна и да им наплаќа по 2.000 денари месечно на репрезентативците, за кои досега беше бесплатно, вели поранешната олимпијка Наташа Мешковска.



Како што објави порталот сдк.мк, Мешковска, која сега е тренер, вели дека нејзините мали пливачи плаќаат 125 денари за секој влез во базенот, што е 25 денари поскапо во споредба со порано. Оваа состојба трае од 21 јуни, кога базенот повторно беше отворен.

Целата информација на овој линк