По најавената мерка од министерот Венко Филипче дека во еден дом може да бидат најмногу четири лица од една иста фамилија и плус најмногу четворица други од надвор, актерот Рубенс Муратовски со прашање.
„Групирањето во домовите, слави, други собири во групи во едно живеалиште може да бидат најмногу 4 лица од една иста фамилија, и плус најмногу четворица други од надвор.
Е сега, ако имаш 3 деца, значи фамилијата брои 5 члена. Дали тогаш овие што се од надвор гостиве се намалуваат на 3 или пропаѓа “формулава” за безбеден живот?
Само тоа ми беше дилемата…другото се ми е јасно“, коментира на фејсбук Муратовски.





